За форумот
МакеКоПроДокс Форум 2020
Место за креативни мислители и креативни решенија
Датуми: 5, 6, 21, 24, 25 август и 21 септември
Локација: онлајн
Модератори:
Бригид О’Шеа (Европско здружение за документаристика и директорка на ДОК Индустри- ДОКЛајпциг)
Хеле Хансен (Комисија за филмска документаристика – Норвешки филмски институт, Норвешка)
МакеКоПроДокс Форумот е форум чија главна цел е развој на стратешки план за зголемување на копродукциите на документарните филмови меѓу балканските земји. Форумот вклучува претставници од 12 регионални филмски агенции, 3 скандинавски филмски агенции и 10 проекти кои се во завршната фаза на продукција.
Во пресрет на економската криза, културниот сектор и филмската индустрија се најчесто најпогодени од кратењето на буџетот. Само доколку се делува солидарно преку зголемување на регионалните копродукции ќе се овозможи поголем број на финансирани проекти на Балканот во склоп на редуцираните фондови.
Првиот форум за копродукција на документарни филмови се одржа на 10-тото издание на Фестивалот за креативен документарен филм, МакеДокс.
Поради колебливоста во однос на владините мерки за ситуацијата со КОВИД-19, второто издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи онлајн.
Форумот е организиран од: МакеДокс, Филмска агенција на Северна Македонија и Креативна Европа МЕДИА Деск МК.
Цел:
Ќе ги вклучиме клучните карактеристики на индустријата за документарни филмови ширум светот, како и можните начини за соработка и ќе се обидеме да овозможиме далекусежна соработка меѓу фондовите во регионот. Нашата цел со овој проект е, за прв пат, да воспоставиме нов здружен сектор на Балканот како единствен начин да се амортизираат последиците од кризата. За време на онлајн сесиите ќе ги претставиме проблемите со кои регионалните земји редовно се соочуваат поради кризата и ќе се обидеме да изнајдеме возможни начини за надминување, потенцирајќи ги неконкретизираните регулативи поврзани со поддршка на развојот и продукцијата на документарните филмови.
Гости на форумот:
- 12 претставници на филмски фондови од регионалните земји (С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција)
- Претставници од скандинавските филмски фондови (Шведска, Данска, Норвешка)
- Претставници на ТВ-емитувачи (Ејџ Би О Европа, Ал Џезира, Курент Тајм ТВ)
- Претставници (филмски програмери) од FestDocsNetwork (ДокМинхен, Докс Барселона, ФипаДок, МакеДокс)
- Дистрибутери на филмови од регионот
- Локалните продуценти со цел да се олесни потрагата по локални продукции
- Претставници на здруженија за документаристика