Жири за наградата „КРОМИД“
Жири за наградата „КРОМИД“
НАТАЛИЈА ЛИБЕТ
Наталија Либет е филмска продуцентка и сосопственичка на киевската продукциска компанија „2Брејв Продакшнс“ (2Brave Productions) водена од жени. Преку нејзината работа со меѓународни компании, таа стекнала искуство во копродукција, инвестирање и финансии. Наталија продуцирала и копродуцирала повеќе успешни играни дебитантски филмови, меѓу кои: „Стоп-земја“ (2021) на режисерката Катерина Горностаи, кој ја освоил наградата „Кристална мечка“ (Crystal Bear) во категоријата „Генерација 14+“ (Generation 14plus) на „Берлинале“, „Партенон“ (2019) на режисерот Мантас Кведаравичиус, кој бил прикажан во секцијата „Недела на меѓународни критичари“ (International Critics’ Week) на Филмскиот фестивал во Венеција, „Дневникот на Христовата невеста“ (2022) на режисерката Марта Смеречинска, кој бил прикажан на Сараевскиот филмски фестивал, како и краткометражниот филм „Ана“ (2019) на режисерот Декел Беренсон, кој бил прикажан на Канскиот филмски фестивал.
Во 2000-та, Наталија се стекнала со титулата магистер по бизнис администрација во САД откако ја добила Наградата за постдипломска размена на Едмунд Мaски. Таа е членка на Европската и Украинската филмска академија и алумнус на „ЕУРОДОК 2021“ (EURODOC 2021). Наталија моментално работи како програмска менаџерка на полугодишната работилница за маркетинг и позиционирање на играни филмови „Фрст кат+“ (First Cut +) на организацијата „Татино филмс“ (Tatino Films).
РОДОЛФО КАСТИЉО-МОРАЛЕС
Родолфо Кастиљо-Моралес е мексикански режисер, програматор и куратор, специјализиран за современа документаристичка кинематографија. Има учествувано во над десет документарни и играни кратки филмови како режисер, сценарист, продуцент, кинематографер и монтажер. Работел серии и документарни филмови. Бил програмски координатор и куратор за DocsMX и исто така бил кодизајнер за Plataforma MX.
Во 2018 станал главен координатор на ДокуЛаб: документарна лабораторија на Интернационалниот филмски фестивал во Гвадалахара (FICG), а во 2019 е именуван како програмски директор за документарни филмови на FICG и Kинотеката на FICG. Моментално работи на постпродукцијата на својот трет игран филм и го снима својот четврти игран филм.
ЈЕЛЕНА МАКСИМОВИЌ
Јелена Максимовиќ дипломирала филмска монтажа на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 2015 година предава на Катедрата за дигитални уметности при Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.
Ги монтирала филмовите: „Товар“ (2018), „Ја имаш ноќта“ (2018), „Келти“ (2021) и „Пејзажи на отпорот“ (2021), кои биле прикажани на фестивалите во Кан, Венеција, Берлин, Локарно, Ротердам, Торонто и многу други.
Таа е режисерка на два краткометражни и два долгометражни филмови – „Момчето од Таурунум“ (2018) и „Татковини“ (2020). Првиот бил премиерно прикажан на фестивалот „Синема ду риeл“ (Cinéma du Réel), а вториот на ФИД Марсеј (FIDMarseille). Покрај работата со филм, таа има остварено и бројни соработки во областите видеоуметност, просторни инсталации и театарски перформанси.