Награди
Награди
ГЛАВНА НАГРАДА „КРОМИД“ – „Меѓу Револуциите“ на Влад Петри
Главната награда „Кромид“ и сакале да ја доделиме на документарецот, чиј автор и ко-сценаристи задираат преку револуциите и граѓанските немири за да откријат гласови од жени од една далечна ера. Сепак, нивните надежи и желби, љубовта и пријателството ни носат неверојатни емоции нам, модерната публика, сега и овде.
Исто така, веруваме дека овој филм ја содржи најсинематската секвенца во оваа селекција на филмови на МакеДокс. Во филмот има танц и оган кои се среќаваат во двојна експозиција.
Поради овие причини, наградата ја доделуваме на романскиот режисер Влад Петри и неговиот документарец „Меѓу револуциите“.
ГЛАВНА НАГРАДА „КРОМИД“ ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „Нема Да Исчезнеме” на Алиса Коваленко
Има и еден филм на кои би сакале да му доделиме посебно признание. Филмот е приказна за созревањето која не’ тера да веруваме дека дури и во тешките времиња на војна и неизвесност иднината сепак постои и вредна е за исчекување. Посебното признание оди кај украинската режисерка Алиса Коваленко и документарецот „Нема да исчезнеме.“
НАГРАДА ЗА ЕТИЧКИ ИДЕИ – „На Адаман“ на Николас Филбер
Наградата за филм со најдобри етички идеи едногласно ја доделуваме на филмот „На Адаман“ на Николас Филбер.
НАГРАДА „МЛАД КРОМИД“ – „Волшебната Планина“ на Мариам Чачиа и Ник Воит
Спомените се нешто кревко, а овој филм покажува како и личните и историските сеќавања можат да бидат распарчени. Филмот нуди свеж и уникатен пристап во истражувањето и ископувањето на личните трауми / ужаси. Филмаџиите го ткаат личното, политичкото и физичкото во визуелно, речиси клаустрофобично искуство од она што се случило во минатото и сегашноста истовремено укажувајќи кон актуелното.
НАГРАДА „МЛАД КРОМИД“ ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „Куќата На Талкачки Души“ на Пабло Лаго Дантас
Наместо на нов филмаџија од филмаџиската заедница, посебното признание би сакале да го доделиме на еден нов режисер. Му даваме бескрајна поддршка и признание на новиот пат.
НАГРАДА „СЕЦКАН КРОМИД“ – „Излез“ на Евгениа Арбугаева и Максим Арбугаев
На еден далечен арктички брег во една запустена колиба, еден осамен човек ги поминува деновите чекајќи нешто. И кога нешто ќе се случи, сликите речиси надреалниот арктички свет со стотици илјади моржови на брегот одеднаш откриваат шокантни последици од климатските промени.
Визуелно восхитувачки и маестрално режиран, најдобриот краток документарец на МакеДокс е ИЗЛЕЗ на Евгенија Арбугаева и Максим Арбугаев.
НАГРАДА „СЕЦКАН КРОМИД“ EX AEQUO ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „На Работ На Водата“ на Мариа Елорза и Иниго Салабериа
Лична контемплативна приказна за креативниот процес и времетечението раскажана низ обмислена структура, користејќи архивски снимки кои документираат промени предизвикани од човечки фактор низ текот на времето.
НАГРАДА „КОКАРЧЕ“ – „Ачевик, Песната На Храбрите Жени“ на Елина Кастлер
Главната награда ја доделуваме на филмот кој се бави со темата на исцелување и тага на еден непретенциозен и прониклив начин. Овој филм е сведоштво за силата и отпорноста на жените, но тој е и чувствително и поетско истражување на единството и моќта на музиката да излечи и да трансформира.
НАГРАДА „КОКАРЧЕ“ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ – „Силосот“ на Софиа Пачзолаи
Жирито беше импресионирано од слоевитото портретирање на протагонистот во овој филм. Филмот не затвора очи пред суровата реалноста на оваа тешка работа, но ја покажува и човечноста во неа, како и издржливоста и посветеноста. Одбивајќи да се откаже од неговиот сон за подобар живот, ова е моќно и трогателно сведоштво за човечкиот дух.