• Фестивал 2022
    • Програма по денови
    • Филмска програма
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • ЖИРИ ЗА НАГРАДАТА „КРОМИД“
      • Жири за наградата „Млад кромид“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „Кокарче“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Филмски фондови
    • ОДЛУЧУВАЧИ
    • Одбрани проекти
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • Македокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • EN
  • EN
  • Најнови Вести
  • Фестивал 2022
    • Програма по денови
    • Филмска програма
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • Жири за наградата „КРОМИД“
      • Жири за наградата „Млад кромид“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „Кокарче“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Филмски фондови
    • ОДЛУЧУВАЧИ
    • Одбрани проекти
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • Македокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • За нас
  • Извештаи
  • Семејство и пријатели
  • Контакт

Жири за наградата „Кокарче“

Жири за наградата „Кокарче“

 

Алба Чакали

Алба Чакали е родена и израсната во Призрен. Кариерата во DokuFest ја започнува како програмски асистент, откако прво била волонтерка, а сега ја има позицијата на фестивалски продуцент. Алба била дел од многу културни организации низ годините (RroK, Prizma Medium, Bekim Fehmiu Theater, Zambaku i Prizrenit) и дел од екипите на различни филмови (In Between, Pavend, Home) копродуцирани од DokuFest. Алба е постојано вклучена во оснажнување на младината за какви било предизвици во социјалниот развој преку нејзините ангажмани. 

 


 

Златко Ѓелески

Златко Ѓелески основно и средно училиште завршил во Кичево, а дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (2010). Активно се занимава со филмска критика од 2008 година, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“. Пишува и објавува музички и филмски рецензии во дигитална и печатена форма за  „Плагијат“, „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“ и „Филмски печат.“ Од 2011 година е водител на филмската радиоемисија „Danse Macabre“ на Канал 103. Режисер е на краткометражните филмови: „Од другата страна“ и „Мемоари“ и организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак фест“. Членувал во жири- комисиите на филмските фестивали: „Филмај“, „Мобил фестивал“, Филозофски филмски фестивал, „Флипбук филм фестивал“ и „Синедејс“ каде што има добиено Награда за најдобра филмска критика (2013). Има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ (2013), „Колекционерот на страв“ (2015) и „Понор“ (2019). Неговите раскази се наградувани, објавувани и преведени во неколку балкански антологии. Во 2021 година е објавена неговата прва збирка филмски есеи и рецензии „Видеологија (2019 – 2020)“.

 


Невена Милашиновиќ

Како дел од тимот на фестивалот „Лајтдокс“ ( Lightdox), Невена е одговорна за дистрибуцијата во Централна и Источна Европа, Азија, Латинска Америка и Африка. Таа го прифатила предизвикот да ги совлада најветувачките и највозбудливи пазари во развој полни со креативност и иновативност. Завршила сликарство на Уметничката академија во Бања Лука, Босна и Херцеговина и магистрирала сценски дизајн на Академијата за музика и изведбена уметност „Јаначек“ во Брно. Невена работела во дистрибуција на документарни филмови од 2015 година, фокусирајќи се на VOD (систем за филмска дистрибуција) и на фестивалска дистрибуција. 

Претплатете се на нашиот newsletter:

  • За нас
  • Семејство и пријатели
  • Контакт
  • Извештаи

MakeDox © 2018