Награди
ГЛАВНА НАГРАДА „КРОМИД“ – „Затемнување“ на Наташа Урбан
Повеќеслојно, софистицирано дело на рекултивација на меморијата, што го поврзува минатото со сегашноста и личното со политичкото, со изразено чувство за поетски детали и посветеност на интегритетот на историското сведоштво, „Затемнување“ претставува значаен придонес за пресметката на балканскиот регион со војната, раселувањето и идентитетот.
ГЛАВНА НАГРАДА „КРОМИД“ ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „Вознемирена земја” на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас- Канди
Филмот претставува поетски есеј за еден „пејзаж на вината“.
Овој филм создава едно кинематографско искуство на тишина и време, на трауматично минато кое едвај се крие во сегашноста.
НАГРАДА ЗА ЕТИЧКИ ИДЕИ – „Куќа од раски“ на Сајмон Леренг Вилмонт
„Куќа од раски“ е одличен пример за моќта на филмот да ги открие сложените човечки чувства и реакции во многу интимна и деликатна ситуација на несреќните деца на украинскиот пропаднат општествен систем. Филмот ни покажува како етиката на понижување на едно општество влијае на неговите најранливи членови. Иако ова е тажна и трогателна приказна за овие деца со неизвесна иднина, таа се разголува во своето највистинско присуство, без форсирање на елементите и наративот. Да се снима документарен филм со деца кои ги доживуваат своите најдлабоки трауматски моменти во животот, бара постојан етички фокус, чувствителен пристап и грижа да не се навлегува во нивниот веќе нарушен живот. Сето тоа со цел да се доближи нивната несреќна приказна пред очите на светот, очите кои се поштедени од неволјите низ кои минала филмската екипа.
НАГРАДА „МЛАД КРОМИД“ – „Братство“ на Франческо Монтанер
Авторот прецизно и чувствително ја долови комплексноста, како и сложеноста на односите во едно целосно машко семејство. Како гледачи, имаме можност да се нурнеме во младешки свет полн со строги правила и обврски, без оглед на присуството на родител-авторитет. „Братство“ отвора поголем контекст на двојноста на современиот свет и традицијата. Блискоста и природноста на ликовите во силните филмски слики го прават брилијантно дело, полно со суптилност и убавина.
НАГРАДА „МЛАД КРОМИД“ ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „Невидливи демони“ на Рахул Џаин
НАГРАДА „СЕЦКАН КРОМИД“ – „Бабајања“ на Анте Златка Столице
Наградата „Сецкан Кромид“ во делот на кратки документарни филмови ја добива филмот што нè воодушеви со своите неверојатни визуелни прикази и оригинален начин на мешање на духовите од детството со тешките реалности. Преку воспоставување на фиктивни елементи во документарен наратив, детската перспектива полека се менува во една истрага на возрасен човек кој се обидува да ја најде жената што го прогонувала во соништата и што била претворена во чудовиште од нејзините соселани поради својата другост.
НАГРАДА „СЕЦКАН КРОМИД“ EX AEQUO ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ – „Се обидувам да се сетам“ на Пегах Ахангарани и „По течението на зборот“ на Илејн Естер Ботс
Изгледавме 17 филмови и беше невозможно да избереме само еден на кој ќе му доделиме награда. Затоа одлучивме да доделиме подеднакво (ex aequo) посебно признание на два исклучителни филма бидејќи секој од нив успеа да ги опфати политичките и историските прашања на еден уникатен, моќен начин.
НАГРАДА „КОКАРЧЕ“ – „Чичко ми Тудор“ на Олга Луковникова
Овој филм е моќен исказ на еден храбар, млад режисер кој се враќа назад и се соочува со чудовиштето во куќата. Филмот остава дамка во умот на гледачите што не може да се избрише, правејќи ги заложници на злосторствата сторени од блиски роднини, а сепак остава доволно простор да се замислат суровите дела кои не треба да се повторат, никогаш, никому, никаде.
НАГРАДА „КОКАРЧЕ“ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ – „Стадо“ на Омер Даида
Преку чувствителното око на камерата одблиску го сведочиме соочувањето на невиното дете со теми кои се над нејзината возраст, како што се филозофските прашања за животот и смртта. Иако е блиска со природата и покажува особена нега кон животните на фармата што ја опкружуваат, таа треба да се соочи со реалноста за тешкотијата на носење одлуки за во зрелоста.