Работилници
Работилници
Работилница за архивски практики во филмот:
ЗАМИСЛУВАЊЕ АРХИВИ
Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август 2024 година во Скопје, за време на 15. издание на „МакеДокс“.
Цел на работилницата:
Работилницата ќе спои 4 внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето на филм. Преку ова интензивно заедничко искуство се надеваме дека ќе ги охрабриме учесниците да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.
Биографии на менторите:
Кумјана Новакова
Кумјана Новакова е режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка.
Родена во Југославија, Кумјана работи на полето на филмот и уметноста од 2006 година. Нејзиното формално образование комбинира меѓународни односи и студии за културни и социјални истражувања во Софија, Сараево, Болоња и Амстердам.
Како авторка, Кумјана ги истражува јазиците на кинематографијата поврзани со односите меѓу моќта, војната, сеќавањата и (не)припаѓањето. Ја интересира развивањето стратегии за тоа како може да се креираат значења од позиција на некој што се занимава со филм, и потенцијалот на тие значења како територија на нови колективи. Нејзината работа е прикажувана и изложена низ целиот свет.
Нејзиниот филм „Вознемирена земја“ (ко-режиран со Г. К. Канди) беше во тесен избор за наградата „Оскар“. Нејзиниот најнов филм „Молкот на разумот“, кој е моментално во дистрибуција, досега бил прикажан во њујоршкиот МоМА, најголемиот Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA), на фестивалите HotDocs и Cinema du Reel и доби бројни награди, вклучувајќи ги и: наградата за најдобра режија на IDFA во 2023 година, во селекцијата Envision, Гран-при на шпанскиот Punto de Vista, најдобар интернационален филм на парискиот Cinema du Reel, „Срцето на Сараево“ за човекови права во документарен филм итн.
Кумјана е вонредна професорка на катедрата за нефикција на Вишата школа за аудиовизуелни уметности во Барселона (ESCAC), Фабриката за филм на Бела Тар во Сараево и на магистерските студии за филм на Холандската филмска академија во Амстердам.
Моментално живее на релација Сараево – Скопје.
Влад Петри
Влад Петри е филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Има завршено додипломски студии по кинематографија (Универзитет за кино и театар, Букурешт) и постдипломски студии по визуелна антропологија (Слободен универзитет, Берлин).
Како режисер, често користи лични слики покрај официјални архивски материјали за да создаде филм што не е ниту документарен, ниту игран. Неговиот дебитантски филм „Каде си, Букурешт?“ е премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Неговиот втор долгометражен филм „Помеѓу револуциите“ ја имаше својата премиера во програмата Forum на Берлинскиот филмски фестивал, каде што ја освои престижната награда ФИПРЕСЦИ, по што беше прикажуван и наградуван на повеќе од 100 фестивали во светот. Покрај долгометражните филмови, Петри има режирано и неколку кратки филмови, кои се, исто така, широко прикажувани и многупати наградувани.
Предавал филм на различни работилници и филмски школи во Романија и во странство: Меѓународната школа за филм и ТВ во Куба (EICTV), Let’s Go Digital на Филмскиот фестивал на Трансилванија во Клуж-Напока, Focus Atelier во Клуж-Напока и Ideo Ideis во Александрија, Романија.
Живее во Букурешт, Романија.
Одбрани проекти:
- FORGET ME NOT / Slovenia
- JOURNEY… FAR AWAY FROM AFRICA / Romania
- THE GODS MUST BE MISTAKEN / Slovenia, Germany, Italy, Croatia
- WE HID EVERYTHING IMPORTANT!/ Croatia
FORGET ME NOT
Country: Slovenia
Director: Anja Medved
Editor: Anja Medved, Neli Maraž
Production Companies: KINOkašča/CINEMattic
A journey into the past of my home town situated on the Slovene – Italian border searching for memories my grandma didn’t tell me.
JOURNEY… FAR AWAY FROM AFRICA
Country: Romania
Director: Răzvan Marchiș
Editor: Răzvan Marchiș
Production Companies: Servia Film
Between 1971 and 1973 Traian Cocoș was detached from his job by the Romanian Government, together with a group of other specialists, in Zambia, to prospect and map the different mineral deposits in the newly declared republic. In March 1972, the same day that the Romanian delegation led by Ceaușescu made its official visit to Zambia, Traian Cocoș was delivered his 8mm camera and started documenting his journey with the important visit of the head of state.
THE GODS MUST BE MISTAKEN
Country: Slovenia, Germany, Italy, Croatia
Director: Jakob Krese
Editor: Annika Mayer
Production Company: POTEM
A Yugoslav family reflects on over half a century of upheaval, hope, destruction and new beginnings. A dialogue about missing gods, an end that is not, the necessity to never give up and the price that must be born.
WE HID EVERYTHING IMPORTANT!
Country: Croatia
Director: Karla Crnčević
Editorr: Karla Crnčević
Production Companies:
We Hid Everything That Important! is an experimental documentary film that tells the story of the resistance movement formed by women within the anti-fascist struggle in former Yugoslavia. The film, divided into different chapters, explores various phases of resistance – from its beginnings and foundations to the reasons for its demolition. It focuses on how the movement is documented and archived, how it is preserved in institutions and lives among us, and examines collective and individual spaces of memory and storytelling, or their gaps, voids, and silences.