ЛИЛЈАН
Северна Македонија / 2023 / 11'
ЛИЛЈАН
Филмот раскажува за една деветнаесетгодишна девојка која се навраќа на случувањата од своето мрачно минато, читајќи ги писмата што ги имала напишано кон самата себе. Читајќи, поминува низ деновите во кои заслепено се вивнала во врска каде што била физички и психички злоставувана, а притоа не била свесна за својата состојба. Преживувајќи ја бедотијата на самата себеси, си признава и се прифаќа и тогаш сонот за бегство од бесмисленоста почнува да изгрева.
Режија: Dragana Stojadinovska
Сценарио: Dragana Stojadinovska
Камера: Nikola Stanishlevikj
Монтажа: Martin Ivanov, Dragana Stojadinovska
Музика: Marko Naskovski
Продукција: MakeDox Documentary School
