Ноќни приказни
Ноќни приказни
Ноќните приказни се она место што зборовите не можат да го искажат, па оставаме музиката да зборува. По цел ден работа или уживање во филмови, преживување лични приказни, да здивнеме сите, и анот со нас. Откако ќе се затемни платното, на менито служиме хот-спот директно до чувствата, да ги преиспитаме, да ги нахраниме, да ги споделиме, да ги пуштиме да дивеат… Доаѓа на ред нашата верзија на Шехерезада и 1001 ноќ – приказни пред да си кажеме добра ноќ. И додека се слушаат гитара, уд, ќемане, хармоника, ако човек доволно внимателно се заслуша, можат да се чујат сите приказни раскажани во темните одајчиња на анот, сите авантури, незгоди, фалбаџиски лаги и тешки к’смети. И сите оние што свиреле тука од радост, мерак, од мака, за ќеф или корка леб и конак.
Се гледаме во ноќта, во приказните…