Отворен повик за проекти на МакеКоПроДокс форум 2023
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОДУЦЕНТИ/АВТОРИ СО ДОЛГОМЕТРАЖНИ КРЕАТИВНИ ДОКУМЕНТАРНИ ПРОЕКТИ
МакеКоПроДокс форум 2023
МакеКоПроДокс форумот има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција.
Петтото издание на МакеКоПроДокс Форумот ќе се реализира за време на 14то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Датуми: 21-23 aвгуст, Скопје
Кој може да аплицира:
Продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, ко-продуцирани или снимени на Балканот (С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција).
*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот
Главни критериуми за аплицирање:
- да е долгометражен креативен документарен филм;
- да е во фаза на развој, продукција или пост-продукција;
- да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.
Пријавете се преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.
Рок за пријавување: 01.07.2022
Менторскиот дел за проектите се состои од:
- Работилница за подготовка (онлајн; некој период пред форумот; точен датум наскоро)
- Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (21-22 август)
Достапност и пристап:
- Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик. Освен на јавни настани, програмата не обезбедува индивидуален преведувач за учесниците кои не зборуваат англиски јазик.
- Филмаџиите на избраните проекти треба да отпатуваат до Скопје за да го претстават својот проект.
Селекција и резултати:
Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб страната не подоцна од 20ти јули.
