ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ ЗА АВТОРИ СО КРЕАТИВНИ ДОКУМЕНТАРНИ ПРОЕКТИ МакеКоПроДокс Форум 2024
МакеКоПроДокс форумот има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција.
Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Датум и локација: 19-21 август 2024, Скопје
Кој може да аплицира: Продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, ко-продуцирани или снимени на Балканот (С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција).
*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот.
Главни критериуми за аплицирање:
– да е долгометражен креативен документарен филм;
– да е во фаза на развој, продукција или пост-продукција;
– да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.
Пријавете се преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.
Рок за пријавување: 15.06.2024
Менторскиот дел за проектите се состои од:
- Прва групна сесија (онлајн; крај на јули)
- Две менторски сесии (онлајн; почеток на август)
- Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (Скопје, 19-20 август)
Достапност и пристап:
Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик. Освен на јавни настани, програмата не обезбедува индивидуален преведувач за учесниците кои не зборуваат англиски јазик. Авторите на избраните проекти треба да отпатуваат до Скопје за да го претстават својот проект.
Селекција и резултати:
Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб страната не подоцна од 15-ти јули.
