Отворен повик за проекти на МакеКоПроДокс форум 2022
ЗА ПРОДУЦЕНТИ/АВТОРИ СО ДОЛГОМЕТРАЖНИ КРЕАТИВНИ ДОКУМЕНТАРНИ ПРОЕКТИ
МакеКоПроДокс форум 2022
МакеКоПроДокс форумот има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помѓу земјите од Балканот. На форумот ќе присуствуваат претставници од 12 регионални филмски агенции, документарни филмски професионалци и 10 проекти во различна фаза на продукција.
Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се реализира во хибридна форма.
Датуми: 22-23 август
Кој може да аплицира: Продуценти/автори на документарни филмови со аудиовизуелни проекти во фаза на продукција или постпродукција од С. Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција.
*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот
Главни критериуми за аплицирање:
- да е долгометражен документарен филм;
- да е во фаза на продукција или пост-продукција;
- да е сниман или продуциран во регионот.
Пријавете се преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.
Рок за пријавување: 15.07.2022
Менторскиот дел за проектите се состои од:
- Работилница за пичинг со Бриџид O’Шеа (основач на Документарната асоцијација на Европа) (онлајн, пред форумот)
- Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (22-23 август)
Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб страната не подоцна од 1ви август.
