ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РАБОТИЛНИЦА ЗА АРХИВСКИ ПРАКСИ ВО ФИЛМ / Замислување архиви
Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август 2024, за време на 15тото издание на МакеДокс во Скопје.
ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА:
Работилницата има за цел да спои 4 внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Главниот фокус на оваа работилница е идентификување на различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архиви, проширувајќи го креативниот опсег на правење филмови. Преку ова колективно, интензивно искуство, се надеваме дека ќе иницираме процес на приближување до суштината на секој проект, дискутирајќи за потенцијалните различни пристапи на секој филмски проект во кој се користат архивски материјали.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Режисер(к)и со долгометражни креативни документарни филмови продуцирани, копродуцирани или снимени во балканскиот регион.
*Земји од балканскиот регион: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора.
Апликацијата треба да содржи:
– синопсис и разработка, вклучувајќи опис на наративниот пристап (максимум една цела страница);
– линк до материјал (груба монтажа, монтирани сегменти или rough cut од минимум 15 и максимум 30 минути).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
– Режисер(к)ите на проектот треба да бидат присутни во Скопје за време на работилницата. Доколку е вклучен монтажер(ка), тој/таа исто така треба да присуствува на работилницата.
– Пријавувањето е можно со прва груба верзија или одбрани материјали до 30’ со англиски превод и титли.
– Работилницата е бесплатна. Сите избрани треба да ги покријат трошоците за патување и сместување. Нашиот тим за гости ќе ви помогне за наоѓање на најдобрите опции.
– МакеДокс ќе обезбеди бесплатна фестивалска акредитација и ручек.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 15 јуни, 2024
ДАТУМИ:
- 1 онлајн групна средба помеѓу 1 и 15 август
- 5 дена за време на фестивалот – 15-19 август
ПРИЈАВУВЕТЕ СЕ ПРЕКУ ПОПОЛНУВАЊЕ НА ФОРМУЛАРОТ.
БИОГРАФИИ НА МЕНТОРИТЕ
КУМЈАНА НОВАКОВА
Кумјана Новакова е режисерка чие авторство се базира на истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка.
Родена во Југославија, Кумјана работи во полето на филмот од 2006 година. Нејзиното формално образование вклучува студии од областа на меѓународните односи, културолошки и општествени истражувања, во Софија, Сараево, Болоња и Амстердам.
Како авторка, Кумјана ги истражува јазиците на кинематографијата поврзани со односите помеѓу моќта, војната, сеќавањата и (не)припаѓањето. Таа се интересира за развивање стратегии за создавање значења од позиција на некој кој создава филм и нивните потенцијали како територии на нови колективитети. Нејзините дела се прикажувани и изложувани низ целиот свет.
Нејзиниот филм „Вознемирена земја“ (ко-режиран со Г. К. Канди) беше во тесен избор за наградите за Оскар. Нејзиниот последен филм „Молкот на разумот“, кој е моментално во дистрибуција, е прикажан во MoMA, IDFA, HotDocs, Cinema du Reel и доби бројни награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра режија на IDFA 2023 во селекцијата Envision, гран при на Punto de Vista, најдобар интернационален филм на Cinema du Reel, срце на Сараево за човекови права во документарен филм, итн.
Кумјана е вонредна професорка на одделот за документаристика и не-фикција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСКАК (ESCAC) во Барселона, како и на магистерските студии за филм на Холандската филмска академија во Амстердам. Предавала креативен документарен филм и на студиите за филм “film.factory” основани и водени од Бела Тар во Сараево.
Кумјана живее помеѓу Скопје и Сараево.
ВЛАД ПЕТРИ
Влад Петри е фимлски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Има диплома по кинематографија (Букурешт, Универзитет за кино и театар) и магистер по визуелна антропологија (Берлин, Слободен универзитет).
Како режисер, тој често внесува лични слики покрај официјални архиви со цел да создаде филм што ја замаглува линијата помеѓу документарен и игран филм. Неговиот дебитантски филм „Каде си, Букурешт?“ е премиерно прикажан на интернационалниот филмски фестивал во Ротердам. Неговиот втор долгометражен филм „Помеѓу револуциите“ е премиерно прикажан во програмата “Forum” на Берлинскиот филмски фестивал каде ја освои престижната награда “FIPRESCI” и освои селекции и награди на повеќе од 100 фестивали низ светот. Покрај долгометражните филмови, Петри има режирано и неколку кратки филмови кои се прикажани и наградувани на повеќе фестивали.
Предавал филм на различни работилници и филмски школи во Романија и во странство: EICTV интернационална школа за филм и ТВ, Куба, “Let’s Go Digital” на филмскиот фестивал Трансилванија, Клуж-Напока, “Focus Atelier”, Клуж-Напока, “Ideo Ideis”, Александрија, Романија.
Влад живее во Букурешт, Романија.