Патувачко кино
Повеќеслојна платформа со мирис на кромид.
Ја „посадија“ документаристи и докуљупци задоени со медитеранска мисла. Креативноста ѝ е прва друшка, а документарниот – омилен јазик.
Оттогаш „расте“ за да го надрасне конформизмот, за да ги изостри сетилата за квалитет и критички вид. „МакеДокс“.
Преку бесплатни проекции под отворено небо, Патувачкото кино на „МакеДокс“ раскажува, ама и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од киносалите и помпезните настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со приказни до кои ретко се допира ако не се оди пред кооперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.