Повик за волонтери на 15.МакеДокс
Велиме дека декада ипол волонтерите се мускулите, но и душата на фестивалот.
Неверојатно е колку многу поминавме, а сепак се чини дека брзо стигнавме до нов јубилеј. Сигурно ни е многу убаво и затоа времето ни лета, можеби е така затоа што ја живееме нашата омилена приказна.
Мислата дека наскоро првото кафе, турско чајче или симитка во денот ќе се ужива во ановите, но исто таму и ќе се испрати денот, нѐ скокотка и уште од сега ни го поткрева допаминот.
Искрен поздрав до сите кои волонтирале барем минута од своето време и ентузијазам изминатите 15 години!
Ги повикуваме сите нив, но и оние кои до сега не успеале да ни се придружат, да се пријават на незаборавното петнаесетто издание на МакеДокс.
Денот да почне и заврши во ановите со стари добри и нови пријатели!
Пријавување на следниот формулар.
15.МакеДокс ќе се одржи од 15 до 22 август.
Волонтери ни се потребни од 7 до 23 август.
