Повикот за филмови е отворен!
Пријавете го својот филм на 16-тото издание на МакеДокс фестивалот на креативен документарен филм овде.
Пријавувањето е отворено за креативни документарни филмови без разлика на времетраење, тема, стил и продукциска технологија завршени и/или јавно прикажани по 1 јануари 2023 година.
Пријавувањето и влезниот надомест се поделени според следните категории и рокови:
Ран рок – до 1 февруари
25 $ надомест за главната конкурентна програма (награда Кромид)
15 $ надомест за конкурентната програма на нови автори (награда Млад кромид)
10 $ надомест за конкурентната програма на кратки документарци (награда Сечкан кромид)
5 $ надомест за програмата на студентски филмови (сите филмови со кредит/лого на филмски школи се подобни за оваа категорија)
Редовен рок – од 1 февруари до 1 април
35 $ надомест за главната конкурентна програма (награда Кромид)
25 $ надомест за конкурентната програма на нови автори (награда Млад кромид)
20 $ надомест за конкурентната програма на кратки документарци (награда Сечкан кромид)
10 $ надомест за програмата на студентски филмови (сите филмови со кредит/лого на филмски школи се подобни за оваа категорија)
Краен рок – од 1 април до 1 мај
50 $ надомест за главната конкурентна програма (награда Кромид)
35 $ надомест за конкурентната програма на нови автори (награда Млад кромид)
30 $ надомест за конкурентната програма на кратки документарци (награда Сечкан кромид)
20 $ надомест за програмата на студентски филмови (сите филмови со кредит/лого на филмски школи се подобни за оваа категорија)
