Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
ЈУСТИНА ГРАЧНЕР БОТОЊИЌ
Јустина Грачнер Ботоњиќ веќе 13 години предава ТВ-продукција во Средното училиште за мултимедија и графичка технологија во Љубљана, а во последниве две години предава и аудиопродукција. Има искуство и во маркетингот – работела на бројни проекти, вклучително и во ТВ Словенија и во дневни вести.
ИВА РОСАНДИЌ
Ива Росандиќ завршила постдипломски студии по компаративна книжевност и филозофија на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб. Сега работи на неколку проекти во областа на културата, со фокус на филмската критика и филмската анализа. Во својата работа особено се интересира за националната и регионалната документарна сцена. Таа е и заменик-уредничка на две веб-страници за филмска критика – Dokumentarni. net и Zonafilma.com. Втората е, всушност, и официјалната веб-страница на Хрватското здружение на филмските критичари каде што таа членува. Нејзината работа била објавувана во истакнати списанија и онлајн, како што се: „Хрватски филмски летопис“, „Новости“, Kulturpunkt.hr, „Зарез“, „Запис“ и радиоемисијата „Филмоскоп“.
ЈОВАНА ЃОРЃИОВСКА
Јована Ѓорѓиовска е критичарка, основачка и координаторка на Гледај.мк – платформа за филмска и театарска критика основана во 2018 година, чиј главен фокус е развој на критичката мисла во областа на културата. Ѓорѓиовска има учествувано на меѓународни работилници за филмска критика во Италија, Босна и Херцеговина, Белгија и Полска, а беше и член на жирито за филмска критика на „Синедејс“ (2018), на младото ФИПРЕСЦИ жири на Филмскиот фестивал во Варшава (2022), на жирито за СЕЕ-програмата на „Синедејс“ (2023) и на професионалното жири за оценување на ТВ-серии на Филмскиот фестивал во Сараево (2021 – 2024). Досега има објавувано критики за ФИПРЕСЦИ, ION Cinema, Duart.hr, photogenie, Cultured, Festivalists, EasternKicks, Портрет, Слободен печат и други.