Жири за наградата „Млад кромид“
Даниел Вадоцки
Даниел Вадоцки дипломирал филозофија на Универзитетот во Трнава и филмски студии на Високата школа за изведбени уметности во Братислава, каде што предавал филозофија и естетика на Катедрата за филм. Објавувал текстови за светската кинематографија, филмска историја и теорија во различни списанија и весници. Бил селектор на Програмата на кратки филмови на Art Film Fest во Словачка. Работел и како директор на продажба на Националната филмска архива во Прага и агент за продажба за Negativ Film Productions во Прага. Во моментов е менаџер за фестивал и продажба за Pluto Film.
Наталија Јефимкина
Родена во Киев, 1983, се преселила во Германија со мајка си во 1995 година. По студиите по историја и книжевност во Берлин, работела како асистент режисер и продукциски асистент за повеќе долгометражни филмови. По искуството со работење на неколку кратки документарни филмови, Garagenvolk е нејзиниот прв долгометражен документарен филм и нејзиното деби како режисерка. Garagenvolk ја доби наградата „Хајне Каро“ (Heiner Carow) на Филмскиот фестивал во Берлин во 2020 година, а потоа и европската награда „Ауденција“ (Audentia) за најдобра женска режисерка, како и наградата „Вернер Херцог“ (Werner Herzog). Таа ја доби и престижната награда „Филм со најдобри етички идеи“ на МакеДокс во 2021 година.
Жоан Гонзалез
Жоан Гонзалес е основач директор на ДоксБарселона (DocsBarcelona), филмски фестивал со 25 изданија и Ел документал дел мес (El Documental del Mes), мрежа од 80 кина кои премиерно прикажуваат документарни филмови од 2005 година. Во 2013 година ја добива наградата EDN International за придонес во документарната култура во Јужна Европа.Тој бил филмски уредник, режисер и извршен продуцент. Сака да одржува работилници на универзитети и филмски фестивали, за да помогне во развојот на проекти. Неговиот последен проект е едукативниот проект на ДоксБарселона, „Некстус – учење преку документарци“. Во 2021 година бил назначен за почесен член на Каталонската филмска академија.