Ширење видици
„Ширење видици“ е партнерски проект меѓу МакеДокс и Dallas Black Dance Theatre, создаден со цел афроамериканските танцувачи и македонските филмски творци да го истражуваат и зачуваат афроамериканското и ромското културно наследство преку продуцирање на креативен документарен филм за танц. Филмот ќе ги открие културолошките сличности, ставајќи акцент на искуствата на етничките малцинства во општеството.
Културната размена под кураторство на Dallas Black Dance Theatre во САД и Асоцијацијата МакеДокс во Република Македонија, се состои од виртуелни модули и искуствено учење во живо коишто ќе им помогнат на учесниците подобро да ги разберат афроамериканската и ромската култура и ќе ги поттикнат да создадат заеднички филм што ќе ги обедини обете култури. „Ширење видици“ претставува славење на автентичните културни наследства на Афроамериканците во САД и на Ромите во Република Македонија. Обете организации ќе соработуваат во овој проект за да ги водат танчарите, музичарите и филмските творци низ истражувањето на овие култури, кулминирајќи со завршен среднометражен филм што паралелно ќе ги претстави двете култури и ќе ги зачува. Иако овие култури можеби изгледаат различно, нивните заеднички сврзни нишки ја овозможуваат универзалната тема на овој проект: перспективата на малцинствата во општеството.
*Програмите на Communities Connecting Heritageˢᵐ се финансирани од U.S. Department of State со финансии обезбедени од Владата на С.А.Д и управувани од World Learning.