Работилници
„Звукот го обликува филмот, филмот го обликува звукот“
Работилница со Владимир Ракиќ
Британскиот „Сава“, македонскиот „Железен човек“, бугарскиот „Воев: Поздрав на боговите“, словенечкиот „Метаболизам“ и швајцарско-српскиот „Дида“ се шесте документарни проекти во фаза на прет-продукција, продукција или постпродукција кои се одбрани за годинешната работилница за звук со Владимир Ракиќ.
Преку низа групни и индивидуални сесии што се одржуваат од јуни до крајот на август, режисерите, монтажерите и/или дизајнерите на звук на одбраните филмски проекти ја преиспитуваат и дефинираат улогата на звукот и музиката во целокупниот процес на креирање на документарната приказна – како и улогата на филмот во обликувањето на звукот – за да ги искористат што поумешно во заокружувањето на започнатата филмска нарација. Резултатите од сработеното ќе бидат прикажани на последната сесија, за време на „МакеКоПроДокс“ форумот во август.
Работилницата се организира со поддршка од овдешната Амбасада на Кралството Холандија.
Владимир Ракиќ – Биографија
Владимир Ракиќ (1974, Нови Сад) е композитор, дизајнер и снимател на звук кој живее и работи во Амстердам. Во 2005 година се стекнува со диплома по дизајн на звук и применета композиција на Школата за уметност во Утрехт, Холандија.
Повеќе од 15 години работи на дизајн на звук како монтажер, снимател, дизајнер, миксер на звук и композитор на многу документарни, играни и анимирани филмови и редовно предава на Холандската филмска академија во Амстердам.
„Инстинкт“ (2019) на Халина Реијн, „Мојата душа плови леко“ (2018) на Ханјрих Дамс, „Мојот превртен свет“ (2016) и „Мама Европа“ (2013) на Петра Селишкар, „Совршениот круг“ (2015) на Клаудија Тоси, „Пропаста на прекинатиот круг“ (2012) на Феликс ван Гронинген и „Да живеат антиподите“ (2011) на Виктор Косаковски се само дел од неговите остварувања.
Како снимател и дизајнер на звук, професионално се изразува и во електро-акустичната музика, живиот перформанс и театарот.
Јавна презентација на резултатите од работилницата за звук
21.08. | 11:00 – 12:30 CEST (GMT +2) | Zoom
Пријавувате се преку пополнување на формуларот.