Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
Марина Костова
Марина Костова е наградувана новинарка, една од главните филмски критичарки и известувачки во Република Северна Македонија. Таа е основачка членка и заменичка главна уредничка на дигиталната редакција www.sdk.mk.
Таа била основачка членка и заменичка главна уредничка и на дневниот весник „Вест“, своевремено најтиражниот/најголемиот весник во земјата.
Таа е претседателка на Македонската секција на Интернационалната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ (FIPRESCI).
Таа ги има уредувано книгите „Монографија Манчевски“ и „Дожд – Светот за Пред Дождот на Милчо Манчевски“, како и ЦД-то „Македонија во архивите на Њујорк тајмс“, а има и издадено хибридна збирка раскази „Јазикот е чудна ѕверка“. Работела и како истражувачка на филмови, исто така.
Учествувала во жирија на критичари на ФИПРЕСЦИ на бројни фестивали низ светот (Венеција, Сараево, Истанбул, Солун, Виена, Оберхаузен, Кемниц, Манхајм, Клуж-Напока и Луксембург, меѓу другите).
БАРБАРА ОРЛИЧ-ШЧИПУЛА
Организаторка на филмски настани, специјалистка за филмска промоција, универзитетска предавачка. Претседателка на Управниот одбор на „Краковската филмска фондација“, непрофитна организација чија основна цел е широка промоција на филмската уметност и поддршка на филмаџиите и продуцентите од Полска. Таа е раководителка на програмскиот оддел на „Краковскиот филмски фестивал“, еден од најистакнатите фестивали за документарни и кратки филмови во Полска. Пред да му се приклучи на фестивалот, работела во компанија за филмска дистрибуција каде што била одговорна за филмски настани и маркетинг. Таа е управна директорка на агенцијата „КФФ Сејлс енд промоушн“ (KFF Sales & Promotion) која ја основала во 2005 година за да ја зајакне меѓународната промоција на полски документарни, анимирани и кратки филмови. Била жири-член на многу фестивали, координирала филмски проекти, а исто така е и предавач на филмскиот оддел на Универзитетот во Краков. Таа е член на Полската филмска академија.
ДРАГАН ВОН ПЕТРОВИЌ
Драган Вон Петровиќ е монтажер и режисер на документарни и играни филмови. Роден е во Лесковац. Студирал филозофија на Белградскиот универзитет и ја завршил Филмската школа за режија „АФЦ“ (AFC Film Directing School), а потоа се запишал на Катедрата за филмска монтажа при Факултетот за драмски уметности во Белград. Неговиот долгометражен филм „Драган Венде – Западен Берлин“ бил прикажан на голем број фестивали, меѓу кои и „Хот докс Торонто“ (Hot Docs Toronto), „Док Лајпциг“ (Doc Leipzig), „Ахтунг Берлин“ (Achtung Berlin), а ја освоил и наградата за најдобар документарец или награда од публиката на филмските фестивали „Макс Офулс Прајс“ (Max Ophüls Preis), Филмскиот фестивал во Трст (Trieste Film Festival) и „ФЕСТ Нови режисери“ (FEST New Directors). Овој филм бил номиниран за најдобар германски документарец на годината и за „При Еуропа“ (Prix Europa). Работел како фриленс монтажер на долгометражни, играни, документарни и краткометражни филмови кои биле наградувани на фестивалите во Венеција, Карлови Вари, Локарно, Сараево и на „Интерфилм Берлин“ (Interfilm Berlin), а биле прикажувани на Канскиот филмски фестивал, „Берлинале“, „Санденс“, SXSW, Ротердам, Шефилд, Талин и Клермон-Феран. Со краткометражниот филм „Пикник“ ја освоил Европската филмска награда за најдобар краткометражен филм во 2015. Драган е и гостин предавач, модератор на панел-дискусии и советник за монтажа за документарни и долгометражни играни филмови, а во 2021 ја освоил наградата за најдобар монтажер доделена од Здружението на монтажери на Србија. Тој е еден од основачите и член на Здружението за документаристи „ДОКСРБИЈА“ (DOKSERBIA).