Отворен повик за работилница за развој со Tue Steen Müller
Фокусот на тринаесеттото издание на МакеДокс е на развој на идеи.
6 проекти во развој ќе бидат одбрани за работилницата за развој со Tue Steen Müller.
Цел на работилницата:
Задоволство ми е да се запознаам со режисерите на проектите во развој. Можеби сте ја напишале вашата идеја, можеби имате тритмент, можеби (сметам дека ова е најважно) имате некаков снимен материјал кој ќе го покажете. Клучно е да бидете отворени за фидбек од мене и од колегите. 3 дена: претставување и презентација; индивидуални сесии; презентација за учесниците на МакеДокс. Се надевам дека по работилницата ќе си заминете со она што јас го велам „креативна конфузија и сомнеж“. – Туе
Кој може да се пријави:
Режисери и продуценти со кратки или долгометражни креативни документарни проекти во развој што се продуцирани или копродуцирани во Грција, Албанија, Бугарија, С. Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија и Турција.
*Ве молиме имајте предвид дека треба да аплицирате со некаков визуелен материјал/снимки од развој.
Распоред на работилницата:
20.08. – групна сесија и мастерклас
21.08. – индивидуални сесии
22.08. – групна сесија и презентација на проектите
ВАЖНИ БЕЛЕШКИ:
*Сите сесии од работилницата ќе се одржат во живо во Скопје, на англиски јазик.
*Режисерите на проектите треба да бидат присутни во Скопје за време на работилницата. Доколку во проектот е вклучен и продуцент, тогаш и тој е добредојден да присуствува.
*Работилницата е бесплатна. Учесниците треба сами да си ги покријат трошоците за пат и сместување. Нашиот тим за гости со задоволство ќе ви помогне да ги најдете најдобрите опции.
*Учесниците треба да си понесат свој лаптоп за работилницата.
Пријавете се преку пополнување на формуларот.
Биографија на Tue Steen Müller
Консултант за документарни филмови и критичар, Данска
Работел со документарни филмови повеќе од 20 години со Данскиот филмски одбор, како офицер за печат, фестивалски претставник и филмски консултант/комесар. Ко-основач е на Balticum Film and TV Festival, Filmkontakt Nord, Documentary of the EU and EDN (Европската документарна мрежа).
Награди: 2004 Danish Roos награда за неговиот придонес во данската и европската документарна култура. 2006 година награда за промоција на португалски документарни филмови. Во 2014 година ја доби EDN наградатаза „исклучителен придонес во развојот на европската документарна култура“. Во 2016 добива „Крстот на Витез од Орденот за заслуги“ на Литванија. Во 2019 година добива „Голем печат“ на 15-тото издание на ZagrebDox. Добитник е и на највисокото државно одликување од 2021 година, Орден на трите ѕвезди, четврта класа, за значаен придонес во развојот и промоцијата на латвиската документарна кинематографија надвор од Латвија. Во 2022 година тој ја добива почесната награда на 25-тото издание на DocsBarcelona, бидејќи служеше како организатор и програмер од почетокот на фестивалот.
Од 1996 до 2005 година тој е првиот директор на EDN (Европска документарна мрежа). Од 2006 е хонорарен консултант и наставник во работилници како Ex Oriente, DocsBarcelona, Archidoc, Documentary Campus, Storydoc, Baltic Sea Forum, Black Sea DocStories, Caucadoc, CinéDOC Tbilisi, Docudays Kiev, Dealing with the Past Sarajevo FF, како и програмски консултант за фестивалите Magnificent7 во Белград, DocsBarcelona, Message2Man во Санкт Петербург и DOK Leipzig. Предава во документарното училиште Zelig во Болзано, Италија. И пишува критики за www.filmkommentaren.dk.
