Награди
Награда Млад кромид
За приказната која говори за човечката состојба и луѓето кои се соочуваат директно со нивната смрт, со загубата на можноста да остават нешто зад себе. Социо- политичките теми на овој филм се актуелни во сегашноста и тестамент за идните генерации. Филмот длабоко не’ допре и навистина ни е чест да ја доделиме наградата Млад кромид на филмот „Тунел“.
Посебно признание:
Храбро, сонично и експериментално патување на еден медиум кои полека изумира во светот. Документарец за истрајноста и оддржување на надежта. Би сакале да го доделиме Посебното признание на филмот „Зборувај за да те видам“
Награда за најдобри етички идеи
Причината за конечната одлука за оваа награда е способноста на филмот да го улови и моќно да го претстави едно од суштинските прашања на современиот живот- дали државите се трудат да ги заштитат луѓето или се трудат да ги лишат од слобода и да ги вкалапат во системот? Во модерното општество сме опкружени со правила и регулативи кои се создадени за да ни го подобрат здравјето и да ни овозможат подобар живот. „Акаса, мојот дом“ успева да портретира една ситуација во која би се запрашале колку од овие „добри намери“ влијаат на туѓите животи и што значи добро на крајот.
Награда Кокарче
Студентското жири на 11-тото издание на МакеДокс би сакало да му ја додели оваа награда на режисерот Јосип Лукиќ и неговиот тим поради способноста да раскажат приказна на длабок, и само навидум едноставен начин, запознавајќи ги гледачите со секојдневието на протагонистите без осудување туку со исклучителни емпатија и сочувство.
,,Ќе доплови Рекс” е портрет за самохраната мајка – борец на три деца која работи 11 месеци во годината на брод за крстарење во странство во нелегални услови. Филмот успешно ја претставува одлично раскажаната елиптична драматургија и стои како впечатлив пример за соц-реалистичната традиција на правење филмови. Секоја слика е избрана внимателно, а секоја сцена е засебен фрагмент, а кога сите овие елементи ќе се спојат, на автентичен начин се доловува современото хрватско општество кое се соочува со скоро неизбежна капиталистичка експлоатација и прекаријатни услови за преживување.
Главна награда Кромид
Жирито уживаше гледајќи десет исклучителни филмови направени од исклучителни автори и би сакале да му честитаме на тимот на МакеДокс затоа што направиле прекрасна програма. Ги изгледавме филмовите кои не прошетаа ширум светот и ни покажаа разноликост во стилот и жанрот, еден голем спектар на сето она што може да биде документарен филм. Како што се доближувавме до одлуката, бевме импресионирани од неколку филмови, но бевме зачудувачки едногласни во однос на еден филм кој го зеде првото место на нашите листи.
Победникот е ,,Епицентро” на Хуберт Саупер. Во овој филм, режисерот ни го позајмува неговиот светоглед за да ја видиме Куба и да ја искусиме со сета сложеност која се јавува од неговата фасцинација со островот и неговите жители, со реалноста на нивното секојдневие и со сиот симболизам на нивното постоење низ скорешната историја. Преку неговото набљудување, пронаоѓање и анализа, Саупер го има изработено филмот до најмалиот детаљ, создавајќи архитектура од емоции со ретка стилистичка кохерентност. Тој успева да ни овозможи непосредно доживување на филмот. Ова е филм кој не’ соочува со прашањата од нашата скорешна геополитичка историка, за минатото и иднината и ни поставува прашања околу претставувањето и погрешното примање и за самото право нешѕо да биде претставено на некаков начин… и не’ остава да бидеме истовремено маѓепсани и несигурни.
Награда Сечкан Кромид
Поради оригиналноста и креативната употреба на аудио интервјуа во комбинација со автентичен визуелен пристап, наградата Сечкан Кромид на фестивалот МакеДокс ја доделуваме на Маија Блефиел за ,,Фантастичните”. Емотивниот краток документарец се фокусира на нечуените гласови и неоткриените светови на севернокорејските бегалци. Жирито, исто така, цени како разговорите за филм и медиуми во филмот претставува одговор на сложените емотивни животи на индивидуите како и на нивното себе-доживување, идентитет, проекции за иднината и концепти за реалноста.