Десетто јубилејно издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“
Десеттото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се одржа од 21 до 28 август 2019 година, во Куршумли ан и МКЦ.
Беа прикажани 70 креативни документарни филмови во повеќе категории, меѓу кои и десет филма од македонски автори.
За време на одржувањето на фестивалот, се одржа првиот регионален форум за копродукција „МакеКоПроДокс“ во соработка со Медиа Деск МК, во рамките на форумот беа одржани и работилница за копродукција под водство на Јана Цисар како и мастерклас на Виктор Косаковски. Беа поставени две изложби и, секако, круна на фестивалот беше премиерата на филмот „Медена земја“.