Онлајн работилница за користење на документарен филм во наставата
МакеДокс програмата за едукација галопира со воведување новитети во образованието!
Ви ја претставуваме НЕКСТАС, европската дигитална платформа, која го олеснува користењето на креативниот документарен филм во наставата. Веќе е достапна на македонски и полека но сигурно навлегува во порите на формалното образование кај нас.
НЕКСТАС нуди лесно и безбедно споделување на материјалите со учениците, неограничено прегледување на филмовите со превод, колегијално планирање на календарските активности и рој други можности кои ја олеснуваат работата на час, сѐ со цел вниманието да биде насочено кон она што е најважно – ново имерсивно искуство како за учениците така и за наставниците! Портфолиото брои импозантни 1.500 аудиовизуелни ресурси – краткометражни и долгометражни документарци, но и кратки видео клипови со изведени тематски целини, а сите тие се придружени со предлог разработени лекции за програмите по било кој училишен предмет.
НЕКСТАС гордо им служи на 16.000 корисници ширум светот, а моментално над 200 посветени наставници активно ја применуваат кај нас.
Како да добиете бесплатен пристап до НЕКСТАС, за Вас и Вашето училиште?
Пријавете се на ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦАТА на 7 април 2026 од 18:00 до 20:00 со пополнување на следниот формулар.
Ќе ја презентираме платформата, а со професорката по Социологија Надица Таневска Јанева ќе споделиме совети и препораки за практична примена на документарните филмови во наставата. Следува сертификат за учество.
