ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ МакеКоПроДокс форум 2026
МакеКоПроДокс Форум е регионална платформа што поддржува креативни документарни проекти од Балканот преку менторство, развој на проекти и меѓународна индустриска размена. Организиран во рамките на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс во Скопје, форумот има за цел да ја зајакне копродукцијата и соработката помеѓу автори од регионот и меѓународни партнери.
МакеКоПроДокс Форумот има фокус на развој на приказни, продукциска стратегија, финансирање и позиционирање за дистрибуција, и им овозможува на авторите да ги претстават своите проекти пред меѓународни продуценти, фестивалски селектори, финансиери и дистрибутери.
Кога и каде?
Онлајн работилница за развој: јули–август 2026 (датуми ќе бидат дополнително потврдени)
MakeCoProDox Форум:
25–27 август 2026
Скопје, Северна Македонија
Критериуми за учество:
Бараме проекти кои:
• се во фаза на развој, рана продукција или доцна продукција
• се продуцирани, копродуцирани или снимани во една или повеќе од следните земји:
Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција
• имаат режисер со силна креативна визија
• имаат продуцент
Што добивате на МакеКоПроДокс Форумот?
Избраните проекти ќе учествуваат во двонеделна програма за развој, по што следи индустрискиот форум со физичко присуство во Скопје.
Програмата вклучува:
• Онлајн менторски сесии со меѓународни документарни професионалци
• Поддршка за развој фокусирана на нарација, продукциска стратегија, финансирање и дистрибуција
• Јавен pitching форум за време на фестивалот MakeDox
• One-on-one состаноци со поканети меѓународни продуценти, фестивалски селектори, финансиери, продажни агенти и дистрибутери
• Учество на индустриски панели, студии на случај и можност за вмрежување
• Избраните проекти ќе се натпреваруваат за награди обезбедени од меѓународни партнери, вклучувајќи финансиски награди и можности за вмрежување во европската документарна индустрија
Ментори на MакеКоПроДокс:
Работилницата за развој ќе биде водена од искусни меѓународни ментори, меѓу кои:
• Бриџид О’Ши – Documentary Association of Europe
• Зејнеп Ѓузел – Documentary Association of Europe
• Виктор Еде – продуцент, Cinephage Productions (Франција)
Учество:
Учеството на MakeCoProDox Форумот е бесплатно.
Избраните учесници се охрабруваат да обезбедат средства за патување од своите национални филмски фондови. Доколку таква поддршка не е достапна, MakeDox ќе се обиде да обезбеди делумна финансиска помош, во зависност од расположливите ресурси.
Апликантите треба да достават:
- Синопсис (1000 карактери)
- Уметнички пристап (1 страница)
- Тритман (2 страници)
- Вкупен буџет (изразен во евра)
- Финансиски план во евра (со статус: потврдено / во тек / планирано)
- Продукциски детали (очекуван датум на завршување, што барате на форумот) и информации за компанијата (биографија, веб-страница, контакт)
Аплицирајте тука:
https://forms.gle/n3mMLpNCbSUm6L5C8
Важно:
- Повторни апликации се дозволени, но апликантите мора да наведат што е променето од претходната пријава
- Една продукциска куќа може да пријави најмногу два проекти
- Сите сесии ќе се одржуваат на англиски јазик
Краен рок:
5 мај 2026 — 23:00 (CEST)
Избраните проекти ќе бидат известени по мејл во почетокот или средината на јуни 2026 година.
