Повик за волонтери
Можеби не сте биле во можност да се пофалите дека сте волонтирале на првиот, ама затоа имате можност да се фалите на внуците дека сте биле дел од легендарниот, 10ти МакеДокс, од 21 до 28 август!
„Волонтерите се запчаниците во прекрасниот и невообичаен механизам на МакеДокс“.
Секоја нова генерација на волонтери носи нова енергија и ентузијазам. Да се биде МакеДокс волонтер/ка значи да се ужива во извонредна авантура. Најголемиот дел од сегашната екипа на МакеДокс има волонтирано барем една година.
Искрено ги поздравуваме и им се заблагодаруваме на сите оние кои посветиле барем минута од своето време и придонеле на некаков начин изминатите 9 години.
Ако сакате да бидете дел од МакеДокс 2019 пријавете се тука: https://vp.eventival.