Повик за учество на документарен филмски камп „Докуникулци 2019“
Две генерации на „Докуникулци” се зад нас. Годинава, решивме да ги преминеме границите и да го обединиме регионот преку соработка со млади креативци од Северна Македонија, Албанија и Србија.
„МакеДокс“, во соработка со Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана, Албанија и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград, Србија е во потрага по тазе Докуникулци на возраст од 15 до 18 години кои би сакале да бидат дел од годинешниот камп за креативен документарен филм „Докуникулци 2019“.