Премиери на Докуникулци
Секој си има понекоја приказна, но не секој сака да ја оживее и сподели, па да допре до навидум поинаква, нечија друга. Секој си има понекоја приказна, но не секој сака да ѝ даде глас, да ја каже својата вистина што може да е и нечија туѓа. Ете зошто раскажувачите се толку важни. Без нив, не би имало приказни што растат и развиваат сила, приказни што наежуваат, замислуваат, поттикнуваат, приказни што ги знаеме зашто добиле крилја… Но, прво никнале! А има ли поубаво место за виреење од „МакеДокс“?
Токму затоа ги создадовме „Докуникулци“. Ја замисливме како фантастична можност за адолесцентите да се нурнат во светот на документаристиката.
Низ дружба со тимот на „МакеДокс“ и со докажани докупрофесионалци за време на Патувачкото кино, фестивалското издание и две есенски сесии, тие ќе ја осознаа слободата што ја носи документарната форма, ја истражија соптвената креативност, научија понекоја филмска вештина и техника и на крајот, ќе снимија документарно филмче! И сето тоа благодарение на поддршката од Националната фондација за демократија од Вашингтон.
Деветото издание на МакеДокс ја имаше честа да прикаже три премиери на кратките документарни филмови од првата генерација Докуникулци и да им посака добредојде на втората генерација на деветото патувачко кино.