Проширување на Објективот: Dallas Black Dance Theatre во Скопје
Со голема возбуда го пречекавме нашето американско семејство во Скопје. Барем дел од нив. Пресреќни си гледавме креативни документарци и си готвевме заедно.
Можеме само да се надеваме дека им беа интересни културните знаменитости, Старата чаршија, една од православните цркви од осмиот век како и џамијата од 15ти век, малите занаетчиски дуќанчиња и секако нашиот дом, Куршумли ан, онаму каде што нашиот фестивал живее секој август.
Ги прошетавме музеите, но и Каноњот Матка.
Можеби врвот на двонеделната фамилијарна собиранка беше и прославата на Интернационалниот ден на Ромите во најголемата ромска општина во Македонија – Шуто Оризари. Не пречека градоначалникот, а потоа танцувавме по улиците.
Кулмицанијата на културната размена се случи на Скопје Танц Фест. Покрај великодушната поддршка за добредојде, Амбасадата на САД во Скопје го поддржа и перформансот со концерт на Dallas Black Dance Theatre заедно со Тони Китановски, Черкези и Техемана.
„Ширење видици“ претставува славење на автентичните културни наследства на Афроамериканците во САД и на Ромите во Република Македонија. Обете организации ќе соработуваат во овој проект за да ги водат танчарите, музичарите и филмските творци низ истражувањето на овие култури, кулминирајќи со завршен среднометражен филм што паралелно ќе ги претстави двете култури и ќе ги зачува.
*Програмите на Communities Connecting Heritageˢᵐ се финансирани од U.S. Department of State со финансии обезбедени од Владата на С.А.Д и управувани од World Learning.
Сите фотографии од нашето патешествие тука