Повикот за филмови е отворен!!!
Твојот креативен документарец може да биде дел од златното десето издание.
Кој рано рани…помала партиципација до 15ти февруари, 2019 г.
Регуларен краен рок до 15ти мај, 2019 г.
Пријави го твојот филм тука: https://vp.eventival.com/makedox/2019
Фестивалската програма на МакеДокс во 2019 е поделена во четири напреварувачки селекции:
Кромид – главна програма оворена за средни или долги креативни документарни филмови од целиот свет.
Млад кромид – програма за нови автори чиј пријавен документарен филм е прв или втор филм на авторот. Програмата е отворена за кратки или средни креативни документарни филмови од целиот свет.
Кокарче – програма на студентски креативни документарни филмови, кратки, средни или долгометражни од целиот свет.
Сецкан кромид – програма за кратки креативни документарни филмови до 30 минути од целиот свет.
Прослави го јубилејното издание на МакеДокс – Фестивал на креативен документарен филм заедно со нас.
21-28 август, 2019 г.