Фотографии од работилницата за мокар колодиумски процес на МакеДокс 9
Од чист мерак и фасцинација годинава им се навративме на старите фототехнологии. „Мократа плоча“ е фотографски процес од 19 век. Добиената фотографија е резултат на повеќе чекори кои мора да бидат изведени во рекордно време. Фотографската плоча се премачкува со колодиумска емулзија која потоа се сензтизира во сребро нитрат. Во темна комора, на слабо црвено или портокалово светло, плочата се вметнува во камерата. Фотографијата мора да биде направена веднаш, додека плочата е сè уште мокра. Потоа плочата се развива во темна комора. Сликата се појавува обратно и секогаш има убави несовршености кои прават да изгледа како да е од дамнешни времиња, иако е направена денес. Четиридневната работилница се одржа од 18 до 21 август во шармантниот простор на Куршумли ан. Предавачи на работилницата беа фотографот Сашо Н. Алушевски и Предраг Узелац, самостоен фотографски соработник и асистент на Академијата за уметности во Нови Сад, Србија.