Проширување на Објективот: МакеДокс во Далас
Нашата културна размена почна со 25 часовен пат од Скопје до Далас. Четири филмаџии и една музичарка од тимот на МакеДокс за прв пат се запозна во живо со профенсионалните танчери од Dallas Black Dance Theatre.
МакеДокс истражуваше и учеше за историјата на заедницата и професионалниот танц. Имавме несекојдневна можност да присуствуваме на нивните проби и на два нивни настапи. Учевме за афроамериканската култура преку посети во музеи, тура низ градот Фриедмен. За прв пат присуствувавме на неделна црковна служба и уживавме во симфонискиот оркестар и операта.
Беа потребни само две недели Dallas Black Dance Theatre да стане дел од нашето семејство. Ги броиме часовите до нивното пристугнување во Скопје.
„Ширење видици“ претставува славење на автентичните културни наследства на Афроамериканците во САД и на Ромите во Република Македонија. Обете организации ќе соработуваат во овој проект за да ги водат танчарите, музичарите и филмските творци низ истражувањето на овие култури, кулминирајќи со завршен среднометражен филм што паралелно ќе ги претстави двете култури и ќе ги зачува.
*Програмите на Communities Connecting Heritageˢᵐ се финансирани од U.S. Department of State со финансии обезбедени од Владата на С.А.Д и управувани од World Learning.
Сите фотографии од нашето патешествие тука