Проекции
Два нови момента се присутни на годинашното Патувачко кино, а тоа се преднастанот, што се одржа на 26 август покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“, каде беа прикажани два креативни документарни филмови и со што почна Патувачкото кино, додека вториот новитет ќе се случи пред филмската проекција во селото Теово на 15 септември, кога ќе биде промовиран музички албум на бард на македонската и екс-Ју музичката сцена.
Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава. Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм на РСМ и од „МакеДокс“.