• Фестивал
    • Филмска програма
    • Програма по денови
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • Жири за наградата „КРОМИД“
      • Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
    • Фестивалска архива
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Професионалци од индустријата
    • Одбрани проекти
    • МакеКоПроДокс Форум архива
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
    • Патувачко кино архива
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • МакеДокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
    • Публикации
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • EN
  • EN
  • Фестивал
    • Филмска програма
    • Програма по денови
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • Жири за наградата „КРОМИД“
      • Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
    • Награди
    • Фестивалска архива
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Професионалци од индустријата
    • Одбрани проекти
    • МакеКоПроДокс Форум архива
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
    • Патувачко кино архива
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • МакеДокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
    • Публикации
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • За нас
  • Извештаи
  • Семејство и пријатели
  • Контакт

Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“

Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“

Вардан Тозија

Вардан Тозија е филмски режисер и сценарист. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Пред да почне да се занимава со режија, работел како новинар и уредник во домашни весници и списанија. Режирал неколку кратки играни филмови и документарци: „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“, „Свиркачот“, „Еден“, „Дома?“, кои се прикажувани и наградувани на неколку меѓународни филмски фестивали.

За својот дебитантски игран филм „Амок“, кој беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Чикаго и селектиран на над 20 престижни филмски фестивали низ светот, има добиено важни критички признанија и бројни награди: „Гран-при“ и ФИПРЕСЦИ. Неговиот втор игран филм „М“ досега патуваше на над 30 фестивали по неговата фестивалска премиера во 2024 година и собра 11 награди: „Гран-при“, награда за најдобар режисер и награди од публиката на некои од најголемите меѓународни и жанровски филмски фестивали.

Во последниве години, работи и како режисер на неколку домашни ТВ- серии.


 

Трулс Лие

Лие има повеќе од 30 години искуство како уредник на весници и магазини. Тој е уредник на кино-политичкиот документарен магазин Modern Times Review (од 2017 година). Од 2015 година е и уредник на NY TID (современи времиња), норвешко квартално списание во форма на печатена книга, посветено на публицистика и нефикција.

Како документарист, создава есеистички документарни филмови. Во моментов работи на долгометражниот проект Палестина – Пет есеи за слободата. Лие претходно бил издавач и главен уредник на Morgenbladet во Осло (1993 – 2003) и на Le Monde diplomatique (2003 – 2013). Исто така бил и уредник на магазинот DOX на EDN во текот на 4 години.


 

Мара Прохаска Марковиќ 

Мара Прохаска Марковиќ е историчарка на уметност, кураторка и продуцентка која живее и работи во Белград, Србија. Со над 20 години искуство во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, таа има долго и опсежно работно искуство во областа на културата и аудиовизуелната индустрија. 

Нејзината експертиза вклучува продукција и кураторство на бројни културни настани, фестивали, изложби, уметнички резиденции и уметнички дела како во Србија, така и на меѓународно ниво. Од 2009 година е дел од организацискиот тим на Меѓународниот фестивал на документарен филм „Белдокс“, a од 2020 година е директорка на фестивалот. Во оваа улога, таа е и кураторка на изложбата „XR: Имерзивна реалност“. 

Членка е на Меѓународната асоцијација на ликовни критичари (AICA), Здружението на ликовни и применети уметности на Србија и Европската асоцијација за документарни филмови, како и алумна на програмата за женско лидерство „Аудиовизуелни жени 2023“ на Институтот „Ерих Помер“.

Претплатете се на нашиот newsletter:

  • За нас
  • Семејство и пријатели
  • Контакт
  • Извештаи

MakeDox © 2018