ОНЛАЈН ФЕСТИВАЛ
МакеДокс насекаде!
За прв пат програмата на МакеДокс ќе биде достапна за проследување од дневна, викендица, двор, колибата на баба, кров, на плажа или планина.
Сѐ што треба да направите е:
1. Креирајте профил на платформата.
2. На Вашиот меил ќе стаса потврда за успешна регистрација.
3. Се логирате на платформата и според програмата може да одберете кој слот на филмови сакате да го гледате. (Филмовите се групирани според датумите на фестивалот во живо.)
4. Плаќањето може да го извршите со која било платежна картичка.
Важно, филмот станува достапен за гледање на денот на неговата проекција во живо.
Цената за онлајн билетот е 100 денари и истата вклучува 1 долг и 1 краток филм (од истиот слот).
Билетот за програмите Деца и млади 1 (6 анимирани филмови наменети за возраст 0-7 години) и Деца и млади 2 (5 кратки документарни филмови наменети за возраст 8-88 години) се однесува на сите филмови во слотот.
МакеДокс насекаде!