• Фестивал
    • Филмска програма
    • Програма по денови
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • Жири за наградата „КРОМИД“
      • Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
    • Фестивалска архива
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Професионалци од индустријата
    • Одбрани проекти
    • МакеКоПроДокс Форум архива
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
    • Патувачко кино архива
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • МакеДокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
    • Публикации
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • Фестивал
    • Филмска програма
    • Програма по денови
    • МакеДокс +
      • Мастеркласови
      • Работилници
      • Док-муабети под смоквата
      • Ноќни приказни
    • Жири
      • Жири за наградата „КРОМИД“
      • Жири за наградата „МЛАД КРОМИД“
      • Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
      • Жири за наградата „КОКАРЧЕ“
      • Жири за Наградата за етички идеи
    • Награди
    • Билети и локации
    • Награди
    • Фестивалска архива
  • МакеКоПроДокс Форум
    • За форумот
    • Агенда
    • Модератори
    • Професионалци од индустријата
    • Одбрани проекти
    • МакеКоПроДокс Форум архива
  • Патувачко кино
    • Проекции
    • Видео хроника
    • Галерија
    • Патувачко кино архива
  • Едукација
    • Ширење видици
    • ДокуНикулци
    • МакеДокс во училница
    • Македокс во кино
    • Младински филмски клубови
    • АКТив
    • Ние сме визуелни
    • Публикации
  • Дистрибуција
    • Moving Docs
    • БДДМ
    • FestDocsNetwork
    • КАФЕ И КРОМИД
  • Медија
  • За нас
  • Извештаи
  • Семејство и пријатели
  • Контакт

МакеДокс Патувачко кино 2022

Пристигна оној дел од годината посветен на најубавите, безгрижни летни распусти кај баба на село. Ќе го натовариме нашето магаренце со приказни и ќе се упатиме во прегратките на Беласица и Огражден, да здробиме малку...

МакеДокс Патувачко кино 2022

Пристигна оној дел од годината посветен на најубавите, безгрижни летни распусти кај баба на село. Ќе го натовариме нашето магаренце со приказни и ќе се упатиме во прегратките на Беласица и Огражден, да здробиме малку кромид со најпознатите пиперки.

Почнуваме од селото на две реки, Турија, на исток, и Струмица на запад. Продолжуваме во подножјето на Еленица, помеѓу Плавуш и Смрдеш во некогашно Палеокастро каде се плетеле кошници и печеле грнени садови.

Одиме во зелен спокој каде ќе уживаме во румени домати, лубеници, дињи, но и во праз на кој му е посветен еден цел фестивал во комшии.

Продолжуваме во селото на војводите, „селото на осамената куќа“, комшија на Еднокуќево, а по него кај Босилко. По течението на Гарлиева чешма крај ендемските папрати ќе завршиме со приказните крај водопадите, во селската идила крај чардаците со Габровчани.

Магаренцето ќе носи приказни, но и ќе собира. Ќе собира приказни од правнуците на комитите на југоистокот чии прадедовци ги предизвикале светските медиуми да пишуваат за Македонија со месеци уште во првата година од XX век. Ќе собираме приказни за мравјалниците, блатото, ендемската флора, но и за одекот на македонскиот пет вековен крик- приказната за првото модерно киднапирање во светот.

Распоред на проекции:
18.07. – Пиперево
19.07. – Вељуса
21.07. – Моноспитово
22.07. – Босилово
23.07. – Габрово

Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

Патувачкото кино на МакеДокс 2022 е подржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица, Општина Босилово и Општина Василево.

#КајБабаНаСело

Претплатете се на нашиот newsletter:

  • За нас
  • Семејство и пријатели
  • Контакт
  • Извештаи

MakeDox © 2018