Ноќни приказни
Ноќни приказни
Кога зборовите не можат да доловат или, пак, устата не сака да се подотвори, оставаме да зборуваат очите и телото што ги придвижува музика. Како што стивнуваат подвижните слики, а платното се затемнува, така почнуваат ноќните приказни – време кога земаме оддишка, и ние и анот, и го пуштаме насобраното од душата да се излее, а телото да се вее слободно на мелодиите од гитарата, удот, ќемането, хармониката, миксетата…
Оти, парадоксално, и таму, под ѕвездите, меѓу раздвижените тела и опуштените лица ја наоѓаме силата да береме гајле за реалноста и да опстоиме во грижата за другиот. Само што овој пат таа е облечена во радост што не смееме да ја заборавиме – зашто носи надеж, не наивна, ами пркосна и подготвеност за неоткажување од замислата за поубаво утро.
Се гледаме во летните ноќи, под отворено небо!