ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ МакеКоПроДокс форум 2025
МакеКоПроДокс форумот има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на развој / продукција.
Форумот ќе се одржи во рамки на 16-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс и е наменет за поддршка на документаристи во развојот на нивните проекти преку менторски сесии, тренинг за пичинг и поврзување со филмски професионалци и потенцијални копродуценти од регионот и Европа.
ДАТУМИ И ЛОКАЦИЈА:
25-27 август 2025, Скопје, Македонија
ГЛАВНИ КРИТЕРИУМИ:
Ќе одбереме 10 креативни долгометражни документарни проекти, кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Проектите треба да бидат долгометражни филмови (над 60 мин)
(краткометражни, серии и ТВ проекти не се подобни) - Проектот треба да биде во фаза на развој, рана продукција или доцна продукција
- Проектот треба да биде продуциран, копродуциран или снимен во една или повеќе од следните земји:
Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција - Апликантот треба да биде документарен автор со силна креативна визија
- Проектот мора да има продуцент
*Не е задолжително приказната на филмот да биде сместена во регионот, сè додека постои значајна продукциска врска со Балканот.
*Добредојдени се нови и веќе етаблирани автори што работат на креативни, авторски документарни филмови.
*Повторно аплицирање со ист проект е дозволено, но во пријавата треба да се објасни што е променето од претходната апликација.
*Една продукциска куќа може да пријави максимум два проекти..
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавете се преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.
РОК ЗА ПРИЈАВИ:
1 јуни 2025, 23:00 CEST
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ДОКОЛКУ СТЕ ИЗБРАНИ:
- Групна воведна сесија (онлајн крај на јули; точен датум дополнително)
- Четири индивидуализирани менторски сесии (почеток на август; точни датуми дополнително)
*Менторските сесии ќе бидат водени од реномирани меѓународни филмски професионалци
- Пичинг сесија и индивидуални состаноци со индустриски професионалци (во Скопје, 25–27 август)
- Еден-на-еден состаноци со интернационални професионалци од индустријата и органи за финансирање проекти
- Консултации со професионалци од Европа
- Состаноци со продуценти од Франција, Вишеград регионот и Балканот
*Сите сесии ќе се одвиваат на англиски јазик. Превод нема да биде обезбеден.
*Учеството во форумот е бесплатно.
Работиме во соработка со филмските центри на Балканот и ги охрабруваме учесниците да аплицираат кај нив за поддршка за патни трошоци и трошоци за сместување.
Во случаи каде тоа не е возможно, МакеДокс ќе се обиде да обезбеди делумна финансиска поддршка за покривање на дел од трошоците.
За време на форумот во Скопје, ручек ќе биде обезбеден секој ден.
СЕЛЕКЦИЈА И РЕЗУЛТАТИ:
Апликациите ќе ги оценува независна евалуациска комисија според уметничкиот квалитет, продукцискиот потенцијал и врската со регионот.
Избраните проекти ќе бидат објавени на почетокот на јули 2025, по е-пошта и на веб-страницата на МакеДокс.
