ПРЕТФЕСТИВАЛСКИ „ПОЛСКИ ПИКНИК“
На годинешниот деветти „МакеДокс“, програмата „Земја во фокус“ ѝ ја посветуваме на полската документаристика. Токму затоа, заедно со Филмската фондација Краков и Амбасадата на Република Полска ве каниме на полски пикник во Музејот на современата уметност – Скопје за да уживаме во десет кратки документарци кои од 1961 до 2000 година биле наградени на Филмскиот фестивал во Краков, фестивал кој набргу ќе ја одбележи својата 60-та годишнина. Еве како го замисливме:
17:00 часот – Отворање на програмата „Земја во фокус: Полска“ на годинешниот „МакеДокс“: збор-два за полската документаристика со мало освежување и полска музика
18:30 часот – Прва тура кратки документарни филмови (89’) во киносалата на МСУ:
– „Музичари“ на Казимјеж Карабаш, награден со „Златен змеј“ во 1961 г. (9’)
– „На пруга“ на Бохдан Косињски, награден со „Златен коњ“ во 1971 г. (11’)
– „Основно училиште“ на Томаш Зигадло, награден со „Златен змеј“ во 1971 г. (16’)
– „Коса“ во режија на Марек Пивовски, награден со „Златен коњ“ во 1972 г. (17’)
– „Болница“ на Кшиштоф Кишловски, награден со „Златен змеј“ во 1977 г. (20’)
– „Седум жени на различна возраст“ на Кшиштоф Кишловски, награден со „Златен коњ“ во 1979 г. (16’)
20:00 часот – Пауза и мала закуска за публиката
21:00 часот – Втора тура кратки документарни филмови (79’) пред МСУ:
– „Буквар“ на Војцех Вишњевски, награден со „Златен коњ“ во 1981 г. (8’)
– „Сцени од животот на човекот“ на Бохдан Ѕиворски, награден со „Златен змеј“ во 1983 г. (20’)
– „Сешто може да се случи“ на Марсел Лозињски, награден со „Златен змеј“ во 1995 г. (39’)
– „Сестри“ на Павел Лозињски, награден со „Златен коњ“ во 1999 г. (12’)
22:30 часот – Журка со полска музика
Полскиот пикник се случува во соработка со Krakow Film Foundation, Polish Embassy Skopje и Филмската и видео програма на Muzej na sovremenata umetnost – Skopje