Жири за наградата „Кокарче“
Жири за наградата „Кокарче“
МАРКО ГРБА СИНГ
Марко Грба Синг е роден во 1988 во Белград. Моментално е на докторски студии за филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Неговите кратки документарни филмови „Барем се запознавме“ (2012) и „Бледо“ (2013) имале премиера на Вижн ду рил. Неговиот прв среднометражен филм „Абдул и Хамза“ (2015) добил специјално признание на ФИД Марсеј (FID Marseilles), а пак неговиот краткометражен филм „Да беше по мое, никогаш не ќе заминев“ бил прикажан на Канскиот филмски фестивал на програмата АСИД (ACID) во 2017. Марко е уметнички директор на Меѓународниот документарен филмски фестивал во Белград „БелДокс“ од 2018. Неговиот прв игран филм „Бедем“ (2021) имал премиера на Филмскиот фестивал во Локарно.
СТЕФАНИ ФУКС
Стефани Фухс е дел од продажниот тим на Аутлук филмсејлс од 2014 година. Преку својата работа како фестивалски менаџер, Фухс ги има надгледувано фестивалските прикажувања на филмови како: „Три минути: продолжување“ (2021), кој имаше премиера во Венеција, како и „Пишување со оган“ (2021) и „За Сама“ (2019), кои беа номинирани за наградата „Оскар“. Во 2023 година Аутлук промовираше четири долгометражни документарни филмови на фестивалот „Санденс“ (Sundance), во кој беше и „Сестринството на димната сауна“. Во 2022 година Фухс го прошири своето поле на експертиза и стана дел од дистрибутерскиот тим на Аутлук филмсејлс; таа лиценцира филмови за кинодистрибутерите, радиодифузерите и VOD-платформите. Фухс ја нуди својата експертиза како советничка за филмската индустрија и како панелистка, а била дел и од неколку жирија на интернационални филмски фестивали.
ВИТЕСЛАВ ЧОВАНЕЦ
Витеслав Чованец дипломирал Филмска и аудио-визуелна култура на Универзитетот „Масарик“ во Брно. За време на студиите работел во Чешката телевизија како асистент драматург. Од 2010 година наваму, тој работи за неколку филмски фестивали, меѓу кои и „Синема мунди“ (Cinema Mundi), меѓународните филмски фестивали „Карлови Вари“ (Karlovy Vary IFF) и „Јихлава“ (Ji.hlava IDFF), како и Меѓународниот квир филмски фестивал „Мезипатра“ (Mezipatra IQFF). Како новинар, Витеслав работел за разни чешки медиуми, вклучувајќи ги и „25 фпс“ (25 fps) и „Филм а доба“ (Film a doba), а сѐ уште пишува и за списанието „Кинепур“ (Cinepur). Тој исто така е член на програмскиот тим на Филмскиот фестивал за човекови права „Еден свет“ (One World) во Прага. Во септември 2017, тој станал дел од тимот на Чешкиот филмски центар при Чешкиот филмски фонд, каде што е одговорен за промоција на чешки документарни и кратки филмови во странство.