Жири за Наградата за етички идеи
Жири за Наградата за етички идеи
Морин Принс
Морин Принс дипломира во 2000 година на Северното медиско училиште во Шефилд како режисерка, монтажерка и продукциска дизајнерка. Кариерата ја гради снимајќи независни кратки филмови и усовршувајќи се во употребата на филмот како алатка за општествена промена и подигање на свеста. Водена од пасијата да го демократизира киното така што ќе ѝ овозможи пристап на секоја публика, во 2006 година го основа првото Соларно кино во Холандија, подвижно кино кое во целост ја напојува својата опрема само со сончева енергија и така ги носи филмовите во културно најсиромашните области во светот.
Во 2009 година ја основа фондацијата „Солар ворлд синема“ со цел да го рашири концептот во странство и да создаде бесплатно достапен дигитален сет алатки за да инспирира и други да основаат кино на сончева енергија. Така денес во светот има 11 вакви кина кои ја формираат Мрежата на соларни кина. Покрај тоа што е филмска кураторка, таа моментално координира и програма за таленти за нови филмски режисери.
________________________________________________________________________________________________________
Мира Гаќина
Мира Гаќина (Северна Македонија) е виша кураторка, уметничка критичарка и истражувачка чија работа се занимава со прашања поврзани со идентитетот, миграцијата и социјалната правда. Во својата кураторска практика посветено го испитува пресекот на уметноста, активизмот и општествените промени, со фокус на улогата на уметноста во поттикнувањето на критичкиот дијалог и во промовирањето на институционална и општествена трансформација.
Таа беше комесар на Павилјонот на Северна Македонија на 58. Венециско биенале. Има дадено свој придонес во неколку публикации, а исто така држела предавања на разни институции и меѓународни конференции и симпозиуми во Риека, Загреб, Париз, Варшава, Ченгду и Љубљана. Била претседателка на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија (2014 – 2018) и директорка на Музејот на современата уметност (2017 – 2023).
________________________________________________________________________________________________________
Капка Касабова
Наречена „поет лауреат на маргините“, Капка Касабова е поетеса, романописец и писателка на нефикција, најпозната по нејзиниот балкански квартет, кој истражува луѓе и места и кој ги опфаќа: „Граница“ (2017), „До езерото“ (2020), „Еликсир“ (2023) и „Анима, див пасторал“ (2024). Комбинирајќи мемоари, антропологија, историја и екологија, овие книги создаваат своја литературна форма преку која го истражуваат човечкото искуство во балканската средина.
Пораснала во Софија, а во тинејџерските години емигрирала со своето семејство во Нов Зеланд. Подоцна, како возрасна личност, се враќа во Европа и оттогаш живее во Шкотска. Нејзините дела се преведени на многу јазици и наградени со бројни литературни награди, вклучувајќи ги Наградата на Британската академија и наградата „Никола Бувие“.