Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
Жири за наградата „СЕЧКАН КРОМИД“
Памела Кон
По потекло од Лос Анџелес, а со адреса на живеење во Хелсинки, Памела Кон работи како филмска кураторка, новинарка за уметност и култура, менторка и консултантка за документарни проекти. Авторка е на „Луцидно сонување: Разговори со 29 режисери“ (Lucid Dreaming: Conversations with 29 Filmmakers) (2020), како и копродуцентка, авторка и водителка на поткастот „Луцидно сонување“ за филм и уметност со студиото ЛОНО во Лондон. Членка е на Одборот за филмска селекција на „ДокуФест“ и води редовни серии разговори за потребите на Документарната асоцијација „Европа“ во Берлин. Памела е независна членка на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ и води работилници за млади филмски критичари во Унгарија и Србија. Таа е на едногодишна резиденција за куратори на островот Суоменлина во Хелсинки, во рамки на Меѓународната уметничка програма на Хелсинки.
Игор Прасел
Игор Прасел е роден во 1971 година во словенечкиот крајбрежен град Копер. Од 2002 година, секој месец организира серија проекции посветени на анимираниот филм во Словенечката кинотека, каде што моментално работи како филмски куратор. Во 2004 година го основа и оттогаш е уметнички директор на Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Аниматека“. Одблизу ја следи еволуцијата на анимираната документарна форма.
Габриела Даниелс
Габриела Даниелс е продуцентка, менаџерка за продукција и експертка за дистрибуција со над 10-годишно искуство во управувањето со продуцентската компанија „Јуроп медиа нест“, која ја популаризира иранската култура во меѓународниот филмски свет. Живее во Прага. Соработувала со признати режисери како Мохамед Расулоф, Махназ Мохамади или Пега Ахангарани на наградувани проекти, вклучувајќи ги: „Нема зло“ („Златна мечка“, Берлинале, 2020 г.) и „Се обидувам да се сетам“ (Награда од жирито во Бусан, Посебно признание на „МакеДокс“, 2022 г.).