Дебати
Дебата за сексуална злоупотреба
26.08 среда, 11:00-13:00 часот
(Фатени во мрежа – Вит Клушак, Барбора Чалупова)
“Фатени во мрежа”, одблиску и брутално нè соочува со насилството и злоупотребата кои им се закануваат на малолетничките во интернет просторот. Со овој разговор ќе се обидеме да го деконструираме он лајн предаторството во нашиот локален контекст, но и уште еднаш да потсетиме дека воведувањето на сеопфатното сексуално образование е клучно во справувањето со секое родово-базирано насилство.
Модераторка: Кристина Леловац (Прво па женско)
Говорнички: Мери Цветковска (ХЕРА), Калиа Димитрова (Медуза)
Кристина Леловац е актерка и вонредна професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како актерка најчесто настапува во независни театарски продукции, во филмски и телевизиски проекти и соработува на интердисциплинарни истражувачки уметнички проекти. Во моментов работи на својот докторат од областа на театрологијата. Членка е на неколку активистички иницијативи и една од основачките на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Дебатата ќе биде пренесена со стрим на евентот и фејсбук страната на МакеДокс.